Сега наводно во некои делови од земјата нема интернет.
Маск ги советуваше корисниците да стават лесна камуфлажа преку антените за да избегнат визуелно откривање на сателитите. Тој исто така рече дека корисниците треба „да го вклучат Старлинк само кога е потребно и да ја постават антената што подалеку од луѓе“, пренесува Би-би-си.
Реакцијата на Маск доаѓа неколку дена откако беше предупредено дека уредите кои примаат сателитски сигнали можат да станат еден вид патоказ за руските воздушни напади.
Сателитските антени на Маск за Старлинк пристигнаа во Украина на 28 февруари. Не поминаа ни 48 часа откако Илон Маск најави дека неговата компанија Спејсекс ќе испрати помош до земјата која се обидува да се одбрани од руската агресија.
Украинскиот министер за дигитална технологија Михаило Федоров тогаш објави фотографија, на која се гледаат повеќе од десетина кутии со кориснички терминал за поврзување со сателити, држач за монтирање и ви-фи емитер.






