петок, 19 декември 2025

Масакр во супермаркет во Бафало, најмалку 10 мртви, убиецот вршел директен пренос на Твич

Објавено на

часот

Сподели

Во инцидентот три лица се повредени. Четворица од убиените биле вработени во супермаркетот, меѓу кои и еден припадник на обезбедувањето.

Напаѓачот објавил „манифест” на интернет, а нападот го пренесувал на „Твич” (Twitch), социјална мрежа за емитување во живо (стриминг) на видеосодржини

18-годишното бело момче пукало во супермаркет, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население.

Напаѓачот кој му се предаде на полицијата и е во притвор, не е од Бафало и до супермаркетот, според полицијата возел со часови.

Американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, објавија дека напаѓачот е Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ