недела, 12 април 2026

Масакр во Нигерија: Повеќе од 200 загинати во воздушен напад

Најмалку 200 лица загинаа денес, а повеќемина беа повредени во воздушен напад врз локален пазар во државата Јобе во североисточна Нигерија, за време на воена операција против екстремистите на Боко Харам, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на локални претставници и жители во регионот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Нигериското воено воздухопловство соопшти дека убило милитанти на Боко Харам во Џили.

Во соопштението доставено до Ројтерс денес не се споменува нападот врз пазарот, а немаше ни одговор на барањата за дополнителен коментар.

Советник и началник на округот Фучимерам во Јобе за Ројтерс изјави дека повредените се однесени во болниците во Јобе и Борно.

“Ова е многу разорен инцидент на пазарот Џили. Додека разговарам со вас, повеќе од 200 луѓе го загубија животот во воздушен напад на пазарот“, рече тој во телефонски интервју.

Уште тројца жители и службено лице од меѓународна хуманитарна агенција го потврдија нападот и веројатниот број на жртви, соопшти британската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ