петок, 12 декември 2025

Макрон: Западот треба да ѝ направи отстапки на Русија

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Журнал ди Диманш во пресрет на неговото заминување за Москва, Макрон навести дека вистинската стратегиска амбиција на Путин не е да ја окупира Украина, а на Москва ѝ понуди маслиново гранче, велејќи дека ја разбира потребата на Русија да ги брани своите безбедносни интереси.

„Интензитетот на дијалогот што го имавме со Русија и утрешната посета на Москва веројатно ќе спречи воена операција, а потоа ќе разговараме за условите за деескалација. Отсекогаш сум имал длабоки дијалози со Путин и нашата одговорност е да најдеме историски решенија“, рече Макрон.

Тој истакна дека е убеден дека освојувањето на Украина не е основната геополитичка цел на Путин, туку дека тој сака да воспостави јасни правила за соживот со НАТО и Европската Унија.

Според Макрон, Русија има право да бара преговори за безбедносни гаранции.

Безбедноста и суверенитетот на Украина, или на која било друга европска земја, не може да бидат дел од компромисот, но и легитимно право на Русија е да го покрене прашањето за сопствената безбедност, рече претседателот на Франција.

Тој посочи дека постигнувањето договор може да значи дека западните сојузници мора да се откажат од нешто.

„Мораме да ги заштитиме нашите европски браќа со предлагање нова рамнотежа што ќе ги зачува нивниот суверенитет и мир, но тоа мора да го направиме со почитување на Русија и разбирање на сегашните трауми на тој голем народ и голема нација“, рече Макрон.

По утрешните разговори со Путин, Макрон во вторник во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во изминатите неколку дена Макрон и Путин имаа неколку телефонски разговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ