сабота, 31 јануари 2026

Макрон во петок ќе разговара со Путин за Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе имам телефонски разговор со претседателот Путин во петок наутро за заедно да ја разгледаме целата ситуација“, им кажа Макрон на новинарите во Берлин по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Елисејската палата вчера соопшти дека Макрон на Путин ќе му предложи „пат за смирување на украинската криза“.

„Загрижени сме, но и многу внимателни да не создадеме двосмисленост и дополнителна нестабилност“, наведе кабинетот на францускиот претседател среде тензиите на Западот и Русија поради Украина.

Лидерите на САД и европските земји разговараа на видео-состанок во понеделникот за украинската криза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ