петок, 19 декември 2025

Макрон во ОН: Живееме во парадоксален момент

Францускиот претседател Емануел Макрон во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН денес повика на „ефикасен мултилатерализам“ и предупреди дека „не смее да се дозволи себичноста на малкумина да преовлада“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Живееме во парадоксален момент во кој повеќе од кога било ни е потребно да го обновиме духот на соработка што преовладуваше пред 80 години“ кога беа создадени ОН, рече францускиот претседател. Зборувајќи на дебата во Генералното собрание на ОН, Емануел Макрон предупреди на „ризикот да преовлада законот на посилниот и себичноста на малкумина“.

Францускиот претседател помина речиси 30 минути во Њујорк бранејќи го „ефикасниот мултилатерализам“. Според него, „најсилните критичари“ на ОН се и оние „кои сакаат да ги променат правилата на играта затоа што сакаат да воспостават доминација и се повеќе заинтересирани за создавање поделби во светот отколку за наоѓање компромиси потребни за општото добро“.

Во својот говор, Макрон ги оправда и своите дипломатски напори во поддршка на Украина и признавањето на палестинската држава, што го најави од истата говорница претходниот ден.

„Токму затоа што ги отфрламе двојните стандарди, Франција ќе застане рамо до рамо со Украина, како што правиме за мирот на Блискиот Исток“, рече Макрон.

Тој ја поздрави промената на мислењето на Доналд Трамп, кој вчера изјави дека Украина може да ја врати целата територија што Русија ја освоила од почетокот на инвазијата. Трамп, кој се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Обединетите нации порано во текот на денот, претходно изјави дека и Киев и Москва ќе мора да се откажат од дел од територијата за да се стави крај на војната.

„Среќен сум што гледам дека американскиот претседател верува во способноста на Украина не само да се одржи, туку и да ги оствари своите права со нас“, рече Макрон од говорницата.

Тој повика на проширување на Советот за безбедност на ОН, кој се состои од 15 членки, со пет постојани членки со право на вето – Франција, САД, Велика Британија, Кина и Русија.

„Знам колку фрустрација има, поттикната од нееднаквата застапеност на државите“, рече францускиот претседател, повикувајќи на реформа на Советот за безбедност, со посебна цел за проширување за подобра интеграција на африканскиот континент.

Макрон го заврши својот говор со повик за акција: „Наша должност е да се спротивставиме и да продолжиме да дејствуваме заедно“, повторувајќи го зборот „дејствување“ неколку пати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ