четврток, 19 март 2026

Макрон: Трамп, исто така, поддржува прекин на нападите врз цивилни цели и енергетски објекти на Блискиот Исток

Францускиот претседател Емануел Макрон денес повика на прекин на нападите врз цивилни објекти и енергетски и водоводни капацитети во војната на Блискиот Исток, наведувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп, со кого разговарал, исто така се залага за тоа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На самитот на Европската Унија (ЕУ) во Брисел, Макрон рече дека поради претстојните верски празници треба да следи и мораториум за напади врз цивилни објекти и енергетски постројки.

Францускиот весник Фигаро објави дека таков мораториум побарале и Велика Британија, Германија, Италија, Холандија и Јапонија.

Макрон посочи дека запирањето на нападите би можело да го сврти текот на американско-израелската војна против Иран и да го отвори патот за преговори.

Претседателот на Франција рече дека разменил мислења и со официјалните лица на Катар и дека има намера да разговара за ова прашање и со властите во Техеран.

Шефицата за надворешна политика на Европа, Каја Калас, на самитот на ЕУ изјави дека бомбардирањето на голем катарски гасен објект од страна на Иран „предизвикало дополнителен хаос“ и дека „јасно е дека мора да се работи на завршување на војната, наместо нејзино дополнително ескалирање“.

Калас рече дека по тој повод воспоставила дипломатски контакти со иранските официјални лица. Таа, исто така, ја истакна важноста на овозможувањето безбедна пловидба низ Ормускиот теснец, преку кој се транспортираат големи количини нафта и гас, како и храна и земјоделско ѓубриво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ