Макрон денес во Киев се сретнува со украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека на Западот растат стравувањата од наводна руска инвазија на Украина. Москва отфрла дека планира каков било напад.
Кремљ од Западот бара гаранции дека НАТО нема да ги прими Украина и други поранешни советски републики, дека ќе престане да трупа оружје во тие држави и дека ќе ги повлече силите од Источна Европа. САД и НАТО не ги прифатија барањата на Москва.
Вчерашниот разговор на Макрон со Путин траеше повеќе од пет часа, а францускиот претседател на новинарите по состанокот им кажа дека „нема деградација ни ескалација“.
Тој кажа дека не очекувал од Путин какви било гестови, наведувајќи дека неговата цел била да „спречи ескалација и да отвори нови перспективи“. Порача дека „таа цел е исполнета“.
Путин по средбата кажа дека САД и НАТО ги игнорираат барањата на Москва, но навести спремност да ги продолжи преговорите со Западот.
[video:https://youtu.be/xemzpu1Pv2s autoplay:0]





