Кабинетот на Макрон додаде дека ќе се сретне со украинскиот лидер во Киев ден по средбата со Путин.
Макрон рече дека приоритет е да се најде договор со цел смирување на тензиите околу Украина, иако САД соопштија дека ќе испратат уште 3.000 војници во Полска и Романија, бидејќи Русија собра повеќе од 100.000 војници во близина на Украина.
Макрон имаше одвоени телефонски разговори со рускиот и украинскиот лидер во четвртокот за да се обиде да постигне напредок во однос на статусот на регионот Донбас, како дел од напорите за смирување на тензиите, се вели во соопштението од канцеларијата на Макрон во четвртокот.
Во соопштението, исто така, се вели дека Макрон на рускиот претседател Владимир Путин и на украинскиот Владимир Зеленски им ја истакнал важноста на разговорот за условите за постигнување стратешка рамнотежа во Европа што ќе овозможи намалување на тензиите на терен и ќе ја гарантира безбедноста на континентот.
Соединетите Држави, исто така, во четвртокот рекоа дека Русија формулирала неколку опции како изговор за инвазија на Украина, вклучително и потенцијална употреба на пропагандно видео кое прикажува исцениран напад, додека Кремљ го осуди распоредувањето на американските сили во регионот.






