среда, 1 април 2026

Макрон: Путин категорично го одби мојот предлог за хуманитарна акција во Мариупол

Објавено на

часот

Сподели

„Улогата во дијалогот со рускиот претседател е неблагодарна, минувам часови во разговори. Цинизмот е присутен во секој разговор, тоа никогаш не е нешто пријатно… но тоа е моја должност“, изјави синоќа Макрон за францускиот весник Ле Паризиен.

Тој додаде дека не очекува никакво решение на руско-украинскиот конфликт пред средината на мај, нагласувајќи дека дијалогот ќе биде корисен во подготовката за „утрешниот мир“.

Макрон рече дека руската страна ги отфрлила предложените хуманитарни коридори за Мариупол и дека московските власти „одбираат луѓе“ што подоцна од таму ќе ги однесат во Русија.

„Кога Франција предлага хуманитарна операција во Мариупол и добива категорично одбивање од рускиот претседател, барем тука работите се јасни“, рече Макрон.

Тој рече дека Франција предложила коридор со Меѓународниот црвен крст, што Русија го одбила, што, како што додаде, дипломатски ја изолира.

Макрон ова го изјави вчера, во време кога Москва ги нарече „апсурдни“ изјавите на портпаролот на француската влада Габриел Атал за „наводното немање руска дозвола за евакуација на цивили од Мариупол“.

„Руската страна е подготвена да спроведе хуманитарни коридори во која било насока што е можно поскоро и да обезбеди безбедна евакуација на цивилите“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руската армија и нејзините сепаратистички сојузници со недели го држат под опсада Мариупол, каде што наидоа на силен украински отпор. Хуманитарната состојба во тој град според двете страни е катастрофална, а градот во голема мера е уништен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ