четврток, 25 декември 2025

Макрон повика на формирање „европска политичка заедница“ која ќе ги вклучува Украина и Британија

Објавено на

часот

Сподели

Планот е да се зголеми соработката на Европската Унија со други европски земји, како Украина, Молдавија и Грузија, бидејќи нивното пристапување во Унијата не е реално во поскора иднина, и Британија, која излезе од ЕУ.

„Постои реална желба да ја реструктуираме Европа во однос на повеќе политики, но Европа ја стави мерката многу високо околу прашањето на интеграциите па нема да можеме да интегрираме некои држави во следните години, па и децении“, кажа Макрон на прес-конференција по завршувањето на Конференцијата за иднината на Европа во Европскиот парламент.

Тој јасно даде до знаење дека за пристапувањето на Украина во ЕУ ќе бидат потребни години, но дека е потребно да ѝ се пружи надеж краткорочно, пренесува Ројтерс.

„Украина по својата борба и храброст веќе е искрено членка на нашата Европа, нашето семејство, нашата унија. Но дури и ако ѝ дадеме статус на кандидат утре, сите совршено знаеме дека процесот на пристапување ќе потрае неколку години, а веројатно и децении“, кажа Макрон.

Форматот на соработка со другите европски земји само преку европските интеграции ја блокира во одредена мера енергетската, културната и другата соработка, смета францускиот претседател.

Тој кажа дека европската политичка заедница би била отворена за демократските европски држави кои ги негуваат клучните вредности во областите на политичката соработка, безбедноста, енергетската соработка, сообраќајот, инвестициите во инфраструктурата.

„Придружувањето (на таа заедница) не прејудицира нужно идно членство во ЕУ. Ниту таа би била затворена за оние кои ја напуштиле Унијата“, кажа Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ