„Европа се промени под влијание на пандемијата на коронавирусот, ќе се менува побрзо и посилно под влијание на војната“, рече Макрон, домаќин на самитот како дел од француското претседателство со Советот на ЕУ.
Макрон рече дека војната ќе ги наведе земјите-членки на Унијата да донесат „историски одлуки со цел целосно да се редефинира архитектурата на Европа“.
Францускиот претседател остро го осуди бомбардирањето на породилиштето и детска болница во Мариупол во средата, наведувајќи дека тоа е „чин на недостојна војна“.
Во Версајскиот дворец денеска и утре се одржува неформален самит посветен на економски прашања, но на дневен ред беше наметната руската инвазија на Украина.






