вторник, 24 февруари 2026

Макрон: Оваа војна се претвори во троен неуспех за Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека руската инвазија на Украина се претвори во троен неуспех за Москва и нагласи дека поддршката за Украина во борбата против агресијата ќе продолжи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон на социјалната мрежа Икс оцени дека „оваа војна е троен неуспех за Русија – воен, економски и стратешки“.

„Таа го зајакна НАТО, чие проширување Русија сакаше да го спречи, ги обедини Европејците, кои сакаше да ги ослабне, и ја разоткри кревкоста на империјализмот од некоја друга ера“, рече Макрон.

Макрон истакна дека Кремљ ветувал дека ќе ја преземе Украина за неколку дена, но дека од стабилизацијата на фронтот во ноември 2022 година, Русија окупирала само еден процент од украинската територија, додека минатиот месец Украина дури вратила дел од територијата.

„А по која цена за Русите? Повеќе од 1,2 милиони руски војници се ранети или убиени, што е најголем број руски борбени загуби од Втората светска војна“, истакна францускиот претседател. Тој додаде дека Русија, соочена со такви загуби, регрутира луѓе на африканскиот континент и ги испраќа на бојното поле во Украина, честопати без претходна обука.

Макрон нагласи дека ќе продолжи снабдувањето со опрема и муниција за Украина, обука на војници, зајакнување на капацитетите за воздушна одбрана и способноста за одбрана од дронови, како и одржување на веќе испорачаната опрема.

„Сето ова за да се одржи Украина и за Русија да разбере дека времето не е на нејзина страна“, рече тој.

Кон средината на февруари, Макрон ги критикуваше песимистичките проценки за ситуацијата во Украина, тврдејќи дека војната всушност ја ослабна Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ