сабота, 14 јуни 2025

Макрон: Не сакаме да започнеме трета светска војна, подготвен сум да разговарам со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека војната мора да заврши и Украина мора да биде во најдобра можна позиција за да започне преговори, додавајќи дека е „подготвен повторно да разговара“ со рускиот претседател Владимир Путин штом ќе заврши војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакаме да започнеме трета светска војна. Прекинот на огнот е она што овозможува најдобра хуманитарна ситуација и почеток на разговори што ќе овозможат решавање на територијалните прашања“, нагласи францускиот лидер во ТВ-обраќањето на TФ1.

Според него, санкциите воведени од западните сојузници би можеле да се применат „во следните неколку дена“.

„Не можам да ви кажам дали Владимир Путин ќе ја посети Турција. Чекаме одговор од Русија. Она што е во прашање во Украина е нашата безбедност. Сакаме прекин на огнот на копно, на море и во воздух од 30 дена. Русија сака за прекин на огнот да се разговара во Турција. Сакаме да спроведеме санкции против Русија во следните денови, во договор со САД“, рече францускиот претседател.

Тој нагласи дека првата гаранција за безбедност е силна украинска армија.

„За да ја одвратиме Русија да се врати во Украина за две или три години, ќе продолжиме да инвестираме… Во наредните години ќе треба да продолжиме да ја обучуваме, опремуваме и поддржуваме Украина за да има свои сили“, додаде тој.

Макрон потсети дека предложил сите „сојузници кои се подготвени – тоа е случај со Британците, Французите и некои други“ да постават однапред позиционирани „сили за убедување“ долж линијата на фронтот.

„Тоа би била сила која ќе ја одврати Русија од продолжување на каков било конфликт“, рече тој.

Запрашан за воспоставување „воена економија“, Макрон рече дека од неговиот избор во 2017 година, Франција има „два закони за воено програмирање“.

„Францускиот воен буџет во 2017 година беше нешто повеќе од 32 милијарди евра. Во моментов е 50 милијарди. Наша голема среќа е што почнавме пред другите. Се фокусиравме таму каде што беше потребно. Произведуваме три пати повеќе Рафали, трипати повеќе топови Цезар. Во последните недели се обидуваме да мобилизираме приватни инвеститори“.

Говорејќи на темата за европското нуклеарно одвраќање, Макрон рече дека Франција нема да плаќа за безбедноста на другите.

„Сакам да започнам дебата, но Франција нема да плаќа за безбедноста на другите, тоа нема да биде одбиток од она што го имаме, а конечната одлука секогаш ќе биде – Франција. Подготвени сме да отвориме дискусија, особено за распоредувањето на авиони вооружени со нуклеарни бомби во други европски земји“, заклучи Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ