Безбедноста стана главна тема на предизборната кампања пред претседателските избори, закажани за април.
„Нашите полицајци и жандарми вршат работи кои не влијаат врз вашите секојдневни животи – ги обезбедуваат државните згради, хоспитализираните уапсени лица, присутните на судењата, што ги спречува да патролираат по улиците. Ќе ги ослободиме од тие задачи, доверувајќи им ги на административните службеници или на приватни партнери, што ќе ни овозможи да ослободиме 3.500 полицајци и жандарми“, кажа Макрон.
Тој тврди дека за време на неговиот мандат е намален бројот на провалувањата и другите кривични дела, пренесува Ројтерс.






