Во интервју за весникот Паризиен, зборувајќи дека антиваксерите се здодевни и дека го налутиле, Макрон го употреби зборот „emmerder“, која всушност е пцовка.
Поради вулгарните зборови тој заврши на насловните страници на сите медиуми и како мета на критиките на противниците на претстојните избори на кои веројатно повторно ќе се кандидира за претседател.
На конференција за медиумите кажа дека изразот можеби некого вознемирил, но дела целосно ја презема одговорноста за своите изјави.
Истакна дека малцинството кое во Франција не сака да се вакцинира против коронавирусот ги загрозува животите на другите и ја ограничува нивната слобода.
„Тоа не можам да го прифатам. Кога сте граѓанин мора да прифатите да ги извршите своите граѓански должности“, изјави тој.
Изјавата на претседателот дојде во време кога во францускиот парламент трае расправата за предлог законот за потврдите за вакцинација според кој влезот во рестораните, кината и другите јавни места би им бил дозволен само на вакцинираните.
Во Франција по појавата на омикрон сојот со денови се бележат повеќе од 200.000 заразени дневно.
Вчера се регистрирани 328.214 новозаразени.






