„Го потсетив дека Франција дејствува исклучиво во одбранбена рамка со цел заштита на своите интереси, интересите на регионалните партнери и слободата на пловидба, и дека е неприфатливо нашата земја да биде цел“, порача Макрон преку објава на Икс.
Макрон исто така ја нагласи важноста од враќање на слободата на пловидба во Ормускиот теснец. „Слободата на пловидба во Ормускиот теснец мора да се врати што е можно поскоро“, нагласи тој.
Францускиот претседател нагласи дека трајната стабилност ќе бара нова политичка и безбедносна рамка што ќе ги земе предвид нуклеарните амбиции на Иран, програмата за балистички ракети и регионалните активности.
„Само нова политичка и безбедносна рамка може да гарантира мир и безбедност за сите“, рече Макрон, додавајќи дека таков аранжман мора да гарантира дека Иран никогаш нема да се здобие со нуклеарно оружје.






