понеделник, 5 мај 2025

Макрон: Гневот на Америка треба да биде насочен само кон една личност

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин е единствената личност која стои на патот на мировниот предлог поддржан од Соединетите Американски Држави и Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Единствено што треба да направи претседателот Путин е конечно да престане да лаже“, рече Макрон за време на посетата на Мадагаскар, пренесе АФП. „Тој им кажува на американските преговарачи дека сака мир, а во исто време продолжува да ја бомбардира Украина“, додаде тој.

Макрон рече дека Украинците сакаат да слушнат само едно: дали Путин се согласува на безусловен прекин на огнот? Тој нагласи дека „ако Путин каже ‘да’, оружјето веќе утре ќе може да замолчи и да се спасат животи“. „Американскиот гнев треба да биде насочен само кон една личност – претседателот Путин“, заклучи Макрон.

Вчера Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека го отфрла мирот и рече дека може да „избере меѓу мирот и уште три години војна“, додека утринава му порача на Путин: „Владимир, СТОП! 5.000 војници умираат неделно. Ајде да го завршиме мировниот договор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ