недела, 15 март 2026

Макрон ги убедува Бајден и Путин да се сретнат. Бајден се согласи и се закани

Објавено на

часот

Сподели

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на двајцата претседатели им предложил самит за „безбедност и стратегиска стабилност во Европа“.

Белата куќа во соопштението наведе дека Бајден начелно ја прифатил средбата, но само доколку нема инвазија. „Секогаш сме подготвени за дипломатија. Подготвени сме и да наметнеме брзи и тешки последици ако Русија наместо тоа избере војна“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Реакција на Кремљ сѐ уште нема.

До договорот за самитот дошло по многубројните телефонски разговори меѓу Макрон, Бајден, Путин и британскиот лидер Борис Џонсон. Деталите за самитот сѐ уште не се познати, а канцеларијата на Макрон и Белата куќа соопштија дека неговата содржина ќе ја разработат американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на претстојната средба закажана за 24 февруари.

Европската Унија го поддржа предлогот за самит Вашингтон-Москва за наоѓање дипломатско решение за кризата во источна Украина.

Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон рече дека самитот меѓу американскиот и рускиот претседател „нема да се случи пред четврток“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска треба да разговара со својот француски колега, а со американскиот државен секретар Ентони Блинкен в четврток.

Бон ги опиша средбите како „подготвителни состаноци“ за самитот меѓу двајцата претседатели.

Веста за самитот доаѓа по една недела зголемени тензии поттикнати од трупањето руски војници долж украинската граница. Руските сили се распоредуваат уште од крајот на минатата година, за што западните земји тврдат дека е вовед во инвазија.

Нервите дополнително се затегнаа кога белоруското Министерство за одбрана објави дека Русија ќе ги продолжи воените вежби во Белорусија, кои требаше да завршат во неделата. Се чини дека сателитските снимки покажуваат нови распоредувања на руско оружје и војници во близина на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ