недела, 7 декември 2025

Макрон: Едноставно одбиваме да бидеме технолошки вазал на Америка и Кина

Европа одбива да биде технолошки вазал на САД и Кина, изјави денес францускиот претседател Емануел Макрон, повикувајќи го да го развие својот технолошки суверенитет.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Да бидеме јасни, Европа не сака да биде клиент на големи претприемачи или на големи решенија предложени од САД и Кина. Ние сакаме да развиеме свои решенија“, рече Макрон во Берлин, на француско-германскиот самит за технолошкиот суверенитет на Европа.

Европа „едноставно одбива да биде вазал“, нагласи тој, со оглед на тоа што значително заостанува во технолошкиот сектор, особено во трката за развој на вештачка интелигенција.

„На краток рок, постои цена ако не се биде вазал бидејќи мора повторно да се инвестира“, рече тој, оценувајќи дека ова трошење е клучно и дека Европејците треба „да донесат многу храбри одлуки“.

Меѓу овие одлуки, „прв приоритет“ е „европската преференција“, особено во областа на јавните набавки, за да им се овозможи на технолошките „шампиони“ во Европа да се развиваат, рече францускиот претседател.

Кинезите имаат кинеска ексклузивност колку што е можно повеќе, а Американците многу силна американска преференција. Единствено ние никогаш немаме европска преференција, напротив, понекогаш дури сме фасцинирани од неевропски решенија.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц испрати слична порака пред говорот на Макрон, повикувајќи ја ЕУ да ги поедностави регулативите, а компаниите да инвестираат во дигиталниот суверенитет.

„Сведоци сме на систематско соперништво меѓу САД и Кина, две големи сили, исто така дигитални сили, кои се натпреваруваат за технолошка супериорност. Европа не смее да им ја отстапи оваа област“, ​​нагласи тој.

Макрон повика 27-те земји членки на ЕУ да се „ослободат од технолошка зависност на сите нивоа на вредносниот синџир – на ниво на критични податочни инфраструктури, клауд и софтвер“.

“Не можете да ја сведете силата на вашата економија на Седумте величествени”, ниту “да ја делегирате целокупната функционалност на вашата демократија на Седумте величествени”, рече тој. „Тоа е неприфатливо“, нагласи тој, осврнувајќи се на седумте американски технолошки гиганти – Алфабет, Амазон, Епл, Мета, Мајкрософт, Нвидија и Тесла.

Европа, која во последниве години дава приоритет на регулирањето на своите домашни актери, мора да „се промени“ и „да иновира пред да регулира“, заклучи Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ