недела, 15 март 2026

Мадуро: Венецуела е со Путин

Објавено на

часот

Сподели

„Венецуела е со Путин и Русија. Нашата земја ги поддржува храбрите и праведни нешта во светот“, кажа вчера вечерта Мадуро на седница на владата коментирајќи го руското признавање на бунтовничките проруски региони во источна Украина.

Претседателот на Венецуела потсети дека неговиот претходник и ментор Хуго Чавез ја поддржа Русија кога во 2008 година ги призна грузиските региони Јужна Осетија и Абхазија.

Мадуро оцени дека САД и НАТО „по воен пат сакаат да завршат со Русија“.

Москва и Каракас особено се зближија за време на покојниот претседател Чавез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ