Мадуро за време на телевизиско обраќање изјави дека дијалогот е добредојден ако претставува чекор кон односи засновани на почит.
Ројтерс во понеделникот, повикувајќи се на четири извори запознаени со повикот, пренесе дека Мадуро му рекол на Трамп дека е подготвен да ја напушти Венецуела доколку тој и неговото семејство добијат целосна законска амнестија, вклучувајќи го укинувањето на американските санкции и завршување на еден од водечките случаи пред Меѓународниот кривичен суд.
Повикот уследи по месеци притисок од САД врз Венецуела, вклучувајќи напади врз наводни бродови за шверц на дрога, закани за воена акција и означување на Картел де лос Солес како странска терористичка група.






