петок, 19 декември 2025

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во Карипското Море. Тој тврди дека американските сили во регионот имаат „1.200 ракети“ насочени кон Венецуела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мадуро ја даде изјавата на прес-конференција во Каракас, пред министрите и военото раководство. „Венецуела се соочува со најголемата закана што нашиот континент ја видел во последните 100 години“, рече Мадуро. „Ваква ситуација никогаш не е видена“, додаде тој.

Вашингтон го објаснува распоредувањето на бродовите како дел од операцијата против трговијата со дрога. Морнарицата и крајбрежната стража на САД долго време имаат присуство во јужниот дел на Карибите, но овој пат распоредија значително поголем број бродови од вообичаеното.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мадуро дека раководи со нарко-картел и неодамна ја дуплираше наградата за негово апсење на 50 милиони долари (42,7 милиони евра).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ