недела, 7 декември 2025

Мадуро е подготвен за војна

Откако американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела објави дека САД „многу брзо“ ќе започнат копнени операции против мрежите за трговија со дрога во Венецуела, политичките тензии меѓу Вашингтон и Каракас дополнително се продлабочија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во сабота соопшти дека воздушниот простор над и околу Венецуела ќе биде „целосно затворен“, наведувајќи дека станува збор за нова мерка во рамки на засилениот притисок врз владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата, САД со месеци спроведуваат воздушни и поморски напади врз бродови за кои постои сомневање дека транспортираат дрога преку Карибите и Пацификот, додека во исто време се зголемува присуството на американски воени единици во регионот.

Ројтерс, исто така, објави дека претседателот Трамп одобрил и спроведување на тајни операции на ЦИА во Венецуела.

Од друга страна, Николас Мадуро ги отфрла обвинувањата дека води „нарко-држава“ и тврди дека Венецуела е подготвена да се одбрани.

Според него, повеќе од осум милиони граѓани наводно се приклучиле на „националниот одбранбен систем“ откако Каракас ги повика сите борбено способни мажи да се подготват за можна американска инвазија.

Мадуро изјави дека повеќе од четири и пол милиони луѓе веќе поминале воена обука во изминатите години и дека се „подготвени за војна“.

Сепак, според извори на Ројтерс кои се запознаени со реалните воени капацитети на земјата, венецуелските сили бројат околу 300.000 и се соочуваат со хронични проблеми како што се недостаток на опрема, лоша обука и ниски плати.

Еден од изворите наведе дека одзивот на мобилизацијата на Мадуро веројатно ќе се мери во „илјадници, а не милиони“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ