понеделник, 6 април 2026

Лукашенко: Трамп ги разоткри позициите на САД и Западот по многу прашања

Благодарение на американскиот претседател Доналд Трамп, позициите на САД и Западот како целина по многу прашања се целосно разоткриени, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко на средбата со генералниот секретар на Организацијата за колективна безбедност (ОДБК) Талатбек Масадиков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лукашенко рече дека светот се соочува со разни проблеми, вклучително и нивото на вооружување во одредени земји, и рече дека сите контроверзни прашања мора да почнат да се решаваат, пренесува белоруската новинска агенција БелТА.

„Не е јасно во која насока ќе се развива светот и како ќе се структурираат меѓународните односи, но позицијата на САД и Западот е целосно разоткриена. Трамп ја разоткри оваа ситуација и сега разбираме во каква состојба се човековите права и каде исчезна демократијата. Мора да извлечеме соодветни заклучоци од она што се случи, особено во однос на Иран“, нагласи белорускиот претседател.

Лукашенко рече дека најопасната работа за САД е што Американците ја покажаа својата ранливост и дека самите разбираат дека никогаш нема да можат да ја победат Кина, нивниот глобален ривал.

„Никогаш. А ситуацијата во Иран го покажува тоа“, рече белорускиот претседател, нагласувајќи дека е време да се стави крај на конфликтот во Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ