недела, 15 март 2026

Лукашенко: Спремен сум прв да тргнам во војна

Објавено на

часот

Сподели

Тој ситуацијата во Европа ја нарече „военохушкачка психоза“, а Белорусија, како што кажа, е во епицентарот на овие случувања, пренесува агенцијата Интерфакс.

Лукашенко објасни дека за време на заедничките воени вежби на Русија и Белорусија се обидел да им покаже на новинарите колку е војната ужасна и какви грозотии може да предизвика.

„Токму на крајот на вежбите времето беше страшно – силен дожд, лапавица, ужасен ветер. Сите смрзнаа, стоеја, се тресеа. Помислив дека со новинарите ќе разговарам подолго за да почувствуваат како е да се живее во непријатните услови на кои навикнавме. Ги прашав дали сфаќаат колку е војната страшна и дека може да биде уште полошо од сега“, наведе Лукашенко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ