среда, 1 април 2026

Лукашенко: Санкциите против Русија стануваат санкции за целиот свет

Објавено на

часот

Сподели

Лукашенко е убеден дека Западот бил решен во секој случај да воведе санкции кон Белорусија, пренесува ТАСС.

„Се отвораат нови можности за нашите земји. Како што западните компании го напуштаат пазарот на Унијата, на нас ни стануваат достапни огромни сегменти за проширување. Прашањето е што не спречуваше да го направиме тоа досега – лобисти, корупција, конкуренција? Можеби сè!“ изјави белорускиот претседател.

Тој додаде дека „брзината и длабочината на санкциите покажуваат дека тие се детално и долго планирани“. Лукашенко смета дека е „јасно дека тие се наметнати без оглед на односите меѓу Русија и Украина“ и дека „во секој случај би биле наметнати санкции“.

„Всушност, овие рестриктивни мерки против Русија и Белорусија, наметнати од САД и нивните сојузници, стануваат санкции за целиот свет. Се уништува воспоставениот систем на трговија“, рече тој.

Претседателот на Белорусија истакна дека санкциите ги ослабуваат државите кои ги наметнуваат. Тој додаде дека ЕУ нема доволно гориво и дека цените се зголемени.

„Во ЕУ нема доволно храна, ни доволно ѓубриво за земјоделскиот сектор. Земјите кои го разбираат тоа, особено Кина, се спротивставуваат на западните санкции кои го дестабилизираат светскиот пазар“, рече белорускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ