Амбасадата на САД во Вилнус прецизираше, пренесува Ројтерс, дека 235 затвореници биле ослободени во Белорусија, додека 15 лица се пренесени во Литванија.
Во исто време, Вашингтон се согласи да ги ублажи санкциите врз белорускиот финансиски сектор, вклучително и Белинестбанк, како и да ги укине преостанатите американски санкции врз компаниите во секторот за калиум.
Од кабинетот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, беше соопштено дека тој помилувал 250 осудени лица, пред сè од хуманитарни причини, пренесува Белта.
Договорот е постигнат денеска, кога американскиот претставник Џон Коул имаше средба со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Минск.






