вторник, 31 март 2026

Лукашенко: Нема да дозволам руско нуклеарно оружје во Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Тој претходно кажа дека би дозволил разместување на руско нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, но кажа дека повеќе нема такви планови.

Лукашенко ги зајакна воените врски со Москва по санкциите на Западот воведени за задушувањето на протестите по неговиот избор за шести мандат на изборите во август 2020, кои опозицијата и Западот не ги признаа.

„Не планирам да дозволам разместување нуклеарно оружје тука, да произведуваме нуклеарно оружје, да создаваме или да користиме нуклеарно оружје против кого било. Таквите тврдења се измислица на Западот“, порача Лукашенко.

Тој истакна дека претходната изјава за можно распоредување на руско нуклеарно оружје во Белорусија е одговор на заканите на Западот со можно преместување на американското нуклеарно оружје од Германија во Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ