Тој, на церемонијата на положување венец на Споменикот на победата по повод 77-годишнината од победата над нацизмот, кажа дека Белорусите немаат право да не ја поддржуваат Русија.
„Секогаш сме биле заедно, секогаш сме биле обединети. Нема да можете да нè распарчите и раздвоите“, истакна Лукашенко.
На Западот му порача дека Белорусите се мирољубиви, но да не се ни обидува со Минск да разговара од позиција на сила.
Зборувајќи за западните санкции, Лукашенко кажа дека тие „не се шеќер“, но дек Белорусија ќе издржи и дека санкциите „ја челичат“.






