сабота, 13 декември 2025

Лукашенко: Импресиониран сум од неодамнешните постапки на Трамп

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера се сретна со специјалниот американски пратеник за Белорусија, Џон Коул, во Минск.

Објавено на

часот

Сподели

„Мило ми е што ве гледам“, рече Џон Коул, поздравувајќи го белорускиот претседател.

„И на мене“, одговори Лукашенко.

„Џон, би сакал да ви честитам за вашето назначување за специјален пратеник на САД. Вие сте сега главната личност за Белорусија. Можете ли да му кажете на Трамп дека ова нè обврзува да постигнеме одредени резултати. И ние ќе го сториме тоа“, рече Лукашенко за време на состанокот.

Тој исто така позитивно ги оцени постапките на американскиот претседател: „Велат дека Трамп сака ласкање. Но, тоа не е мојата намера. Морам да кажам, бев многу импресиониран од неговите неодамнешни постапки.“

„Имаме многу проблеми. Светот се менува многу брзо, се појавуваат нови проблеми за кои вие и јас треба да разговараме. И можеби да решиме некои прашања“, истакна Лукашенко. Остатокот од состанокот се одржа зад затворени врати.

Во среда, за време на состанокот на Советот за безбедност на Белорусија, Лукашенко ја истакна улогата на Трамп во промовирањето мирно решение за Украина.

„Без разлика колку некои се обидуваат да ја потценат улогата на Трамп, тој одлично ја врши работата во овој поглед. Неговите изјави нема да останат незабележани од луѓето. Тој сака да ја запре војната за да спречи луѓето да умираат. Можете да кренете врева за тоа и да кажете што сакате. Но, што може да се каже против она што го прават Американците денес“, се праша тој во таа пригода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ