Тој ова го изјави на 85-от ден од почетокот на руската воена операција во Украина која почна на 24 февруари. Белорусија, главната сојузничка на Русија и земја која граничи со Украина стана заднинска база за руската офанзива.
„Се договоривме со (рускиот претседател Владимир) Путин“, кажа Лукашенко, а соопшти неговата прес-служба преку Телеграм.
Тој кажа дека го набавил „потребното количество“ од тоа оружје, без други детали.
„Со тоа оружје веќе имаме целосно поинаква војска“, кажа Лукашенко и додаде дека оружјето може да „нанесе колосална штета“.
На почетокот на мај 67-годишниот Лукашенко, кој управува со Белорусија од 1994 година, го обвини Западот дека е опседнат со нацистички идеи и дека „војува против Русија“ во Украина.