понеделник, 30 март 2026

Лукашенко ѝ нареди на војската: Мора да спречите секаков напад врз Русите

Објавено на

часот

Сподели

Русија го искористи својот сојузник Белорусија како една од локациите за лансирање на инвазијата на Украина на 24 февруари.

Лукашенко им нареди на началниците на одбраната да го спречат секој обид за прекин на руските канали за снабдување и да го спречат секој обид за „напад на Русите од зад грб“, пренесе Ројтерс.

Вчера Украинците предупредија дека постои опасност од истекување на радијација во Чернобил по прекинот на струја.

Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека резервните дизел генератори може да ја одржуваат електраната само 48 часа.

„После тоа, системите за ладење на складиштето на потрошеното нуклеарно гориво ќе се стопираат, што ќе го направи неизбежно истекувањето на радијација“, напиша тој на Твитер.

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) подоцна на Твитер објави дека „развојот на настаните го нарушуваат клучниот безбедносен столб за обезбедување непречено снабдување со електрична енергија“, но дека „во овој случај, ИАЕА не гледа пресудно влијание врз безбедноста“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ