вторник, 10 јуни 2025

Луѓе во Куќата на цвеќето во Белград му оддадоа почит на Тито на Денот на младоста

Голем број луѓе од регионот на поранешна Југославија денес во Белград му оддадоа почит на некогашниот доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), Јосип Броз Тито, по повод 25 мај, Денот на младоста кој во тогашната држава се славеше како заеднички, државен празник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бројни почитувачи на Тито, ретки преживеани членови на Сојузот на здруженија на борци од Народноослободителната војна, и членови на здруженија кои го чуваат сеќавањето на НОБ и Тито, се собраа со венци, цвеќе и знамиња на поранешна СФРЈ и Сојузот на комунисти на Југославија, искажувајќи почит во Куќата на цвеќето.

Десетици автобуси претпладне почнаа да пристигнуваат на паркингот пред Музејот на Југославија на Дедиње, во рамки на кој е комплексот Куќа на цвеќето-Мавзолеј на Тито и неговото последно почивалиште.

Почитувачите на Тито носеа југословенски знамиња со петокрака, капи „титовки“, беџови со неговиот лик и симболи на СФРЈ.

И покрај бројните контроверзии и дебати меѓу историчарите и современиците на Титовата доба околу неговата улога во повоените случувања, современата историја го вбројува меѓу најистакнатите водачи и државници на ерата, а илјадници луѓе од поранешна Југославија одат во меморијалниот центар Јосип Броз Тито и Куќата на цвеќето секоја година на денот на неговата смрт 4 мај, и на 25 мај кога во поранешна Југославија со слет на тогашниот Стадион на ЈНА се славеше неговиот роденден.

Според официјалните податоци на Музејот на тие два дена се собираат, од година во година, и над 5.000 луѓе. На погребот на Тито во Белград на 8 мај 1980 присуствуваа повеќе од 200 државници – шефови на држави и влади, претставници на кралски семејства и високи делегации од дури 127 земји од светот.

Од 1980 година Куќата на цвеќето, според официјалните податоци, ја посетиле повеќе од 17 милиони луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ