недела, 29 март 2026

Луѓето бегаат од Киев, драматично во Харков (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според Би-би-си, голем број луѓе го напуштаат Киев, главниот град на Украина. Во градот се слушаат сирени, а патиштата кон излезите од градот се пренатрупани.

На социјалните мрежи луѓето пишуваат дека во градот владее паника, а некои заминале во скривалишта. На телевизиските снимки се гледа како луѓе се молат на улица. Дописникот на Гардијан пишува дека на улиците има малку луѓе, а пред банкоматите има огромни гужви.

„Сообраќајот преку Северниот мост во Киев во четвртокот наутро се чини дека се движи кон запад, без автомобили на исток“, пишува Си-ен-ен.

Рано утринава, екипите на Си-ен-ен на терен известија дека слушнале експлозии од источниот дел на главниот град на Украина – од правец на меѓународниот аеродром Бориспил.

Во главниот град на Украина станиците на метрото станаа импровизирани бункери. Очевидци во градот изјавија за Си-ен-ен дека станиците се полни со луѓе што носат залихи.

Рано утрово почнаа да се појавуваат фотографии од густ сообраќај во градот, а долги колони автомобили го напуштаат Киев.

„Додека ги слушаме овие (воздушни) сирени, можете да замислите колку луѓето во овој град ги фати паника поради овие грмотевици што се случуваа насекаде околу нас“, рече дописникот на Си-ен-ен во Киев.

„Целиот овој сообраќај се одвива во една насока… возејќи најбрзо што можам кон запад, кон побезбедни области, ако сакате земји, можеби кон Полска, која е оддалечена три, четири или пет часа“, додаде тој.

Нападнати се и Мариупол, Одеса и речиси сите други украински градови, а според Ројтерс, драматично е во Харков, каде што голем број луѓе се обидуваат да го напуштат градот, во кој одекнуваат експлозии. Наводно во градот е влезена руската пешадија.

Црн чад се извива од воениот аеродром Чугуев во близина на Харков.

Украинските граничари велат дека руската пешадија влегла во Украина од повеќе правци.

[media file=”/files/article/2022/02/24/0-02-05-35741bb16f90079922ffb8044e08ce98c1ad13efd9f5e8d6dbb0e861c3f27040c37baec8ada2aa60.mp4″]

[media file=”/files/article/2022/02/24/0-02-05-6c0f76ef425a2e5770ad3ebbed502728fd2fc91fce5746fa4e8ef9c255f7e56e181ec6b0203d1bd8.mp4″]

[media file=”/files/article/2022/02/24/0-02-05-c9d3f559de2a454aa78da69501006de41492af33420c498c02596aa5157178fbf735385744955031.mp4″]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ