„Мораме да го сопреме Путин, тој нема да сопре на Украина“, кажа британската министерка за надворешни работи.
Таа зборуваше за евентуалната инвазија на руската војска на Украина: „Путин ова јавно го кажа, дека сака да создаде Голема Русија, дека сака да се врати на ситуацијата каква што беше претходно кога Русија имаше контрола врз огромни делови на Источна Европа“, кажа Трас.






