„Некои членови на персоналот на амбасадата и нивните блиски се повлекуваат од Киев како одговор на растечката закана од Русија“, наведе министерството и истакна дека британската амбасада останува отворена и ги продолжува неопходните активности.
Западот ја обвинува Русија дека трупа десетици илјади војници на украинската граница и дека подготвува скора инвазија на таа земја.
Кремљ демантира дека има какви било воинствени намери кон Киев, а за да се смират тензиите бара договори со кои би се гарантирало, меѓу другото, неширење на НАТО особено на Украина.
Украина денес ја оцени како „избрзана“ и „претерана“ одлуката на Вашингтон во САД да ги врати семејствата на дипломатите од Киев.
Европската Унија денес објави дека не гледа причина да се „драматизираат“ тензиите меѓу Украина и Русија и дека Унијата не планира да ги следи САД со враќање на семејствата на дипломатите, иако ќе го сослуша објаснувањето на државниот секретар на САД Ентони Блинкен.
Блинкен денес онлајн ќе се вклучи во состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.






