„Ако Украина одлучи да ги нападне логистичките структури на руската војска, тоа е легитимно според меѓународното право“, рече Валас.
Но, тој додаде дека е „неверојатно“ нападите врз целите на руската територија да бидат извршени со британско оружје.
„Украина во моментов нема британско оружје што би можело да се користи за такви напади, така што е малку веројатно дека би се работело за наше оружје. Ние навистина немаме оружје со толку долг дострел кое се користи на начин на кој тоа го прави нивната војска“, додаде тој.






