Будрис истакна дека Русија продолжува со нападите и покрај обидите за мировни преговори. „Додека обидите за мировни преговори се во тек, а Путин блефира за „енергетско примирје“, Русија дополнително ја користи зимата како оружје – таа започна голем ноќен напад врз Украина и намерно ја таргетира цивилната енергетска инфраструктура“, рече тој.
Литванскиот министер нагласи дека се работи за воени злосторства кои бараат конкретен одговор од меѓународната заедница.
„Овие систематски напади врз енергетската инфраструктура, вклучително и објектите поврзани со нуклеарна енергија, претставуваат воени злосторства според меѓународното право и мора да се реагира со вистинска одговорност, а не само со изјави на загриженост. Ова вклучува и акција од Меѓународниот кривичен суд. Оние кои ги наредуваат и извршуваат овие напади мора да бидат кривично одговорни“, рече Будрис.






