понеделник, 30 март 2026

Литвански министер: Не можеме руската нафта да ја платиме со крвта на Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Енергетските извори што ги увезуваме ја плаќаат руската воена операција“, рече Ландсбергис на заедничката средба со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Вилнус.

„Не можеме нафтата и гасот да ги платиме со крвта на Украина“, додаде тој.

Италијанскиот премиер Марио Драги се состанува во Брисел со Урсула фон дер Лајен за да разговара за моменталната зависност на Италија од руските енергенти и за тоа што може да се направи за да се диверзифицира моменталното снабдување на Италија со енергенти.

Италија и Германија се меѓу европските земји кои се најпогодени од ограничувањата на увозот на руската нафта.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на нови меѓународни санкции против Русија поради инвазијата на Украина, предлагајќи бојкот на руската нафта и другите руски извозни производи и запирање на увозот во Русија.

„Бојкотирајте го увозот во Русија – ако не сакаат да ги почитуваат граѓанските правила, тогаш не треба да примаат добра и услуги од цивилизацијата – нека се хранат од војната“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ