недела, 14 декември 2025

Литванската војска пронајде дрон сличен на рускиот „шахед“ на своја територија

Литванската војска по неколкудневно пребарување пронајде беспилотно летало за кое верува дека влегло во нејзиниот воздушен простор од Белорусија, соопшти војската денес.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Беспилотното летало е пронајдено на воениот полигон „Гаизиуинаи“ во близина на градот Јонава, соопшти војската. Според првичните извештаи, станува збор за таканаречен дрон „геран“ кој наликува на борбените беспилотни летала „шахед“ што ги користи Русија во војната против Украина. Сè уште не е познато дали леталото е опремено со експлозиви или содржи гориво.

Литванската војска и други органи на власта го истражуваат инцидентот со летачки објект забележан од граѓани веќе пет дена. Објектот последен пат е виден во близина на главниот град Вилнус. Според војската, дронот најверојатно бил пренасочен од украинската воздушна одбрана.

Кога беа прашани како летачкиот објект се урнал незабележано на литванскиот воен полигон, воени претставници објаснија дека нема радарска опрема во областа. Литванија, членка на НАТО и Европската Унија, бара објаснување од белоруската влада.

По откривањето на леталото, владата во Вилнус испрати протестна нота до авторитарното раководство во Минск барајќи објаснување. Дополнително, балтичката земја распореди дополнителни трупи и системи за воздушна одбрана на границата со Белорусија.

Белорусија е близок сојузник на Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина, беспилотни летала постојано влегуваат во воздушниот простор на соседните балтички земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ