среда, 10 декември 2025

Литванија планира да постави камери долж целата граница со Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Проектот ќе чини околу 40 милиони евра. Разговорите со Европската Унија покажале дека камерите се многу поевтина опција од поставување физичка бариера, изјави Шимоните за новинската агенција БНС.

Границата се протега на околу 680 километри и е работ на територијата на ЕУ на истокот на блокот. Повеќе од половина од границата веќе е опремена со камери.

Потегот следи само неколку недели откако од Белоруска страна нагрнаа мигранти од други делови од светот, со надеж дека ќе можат да отпатуваат понатаму во Европската Унија.

Тоа предизвика хуманитарна катастрофа бидејќи на луѓето им беше спречен патот кон запад. Имаше и смртни случаи бидејќи некои мигранти им подлегнаа на зимските температури. Групите за заштита на човековите права ги осудија потезите на Полска и Литванија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ