среда, 8 април 2026

Лидерот на израелската опозиција: Најголемата дипломатска катастрофа во нашата историја

Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид остро го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху откако Американците и Иранците се согласија на двонеделен прекин на огнот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Никогаш во целата наша историја не сме имале толку голема дипломатска катастрофа. Израел воопшто не беше на преговарачка маса кога се донесуваа одлуки што се однесуваат на самата суштина на нашата национална безбедност“, напиша Лапид на социјалната мрежа Икс.

Тој рече дека „војската направила сè што било побарано од неа, а јавноста покажала исклучителна отпорност“, но дека Нетанјаху „не успеал дипломатски и стратешки и не исполнил ниту една од целите што си ги поставил“.

„Ќе ни требаат години за да ја поправиме дипломатската и стратешката штета што Нетанјаху ја предизвика преку ароганција, небрежност и недостаток на стратешко планирање“, продолжи тој.

Нетанјаху нагласи дека ја поддржува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги прекине нападите врз Иран за две недели, но истакна дека прекинот на огнот не се однесува на Либан. Тој рече дека ги поддржува напорите на САД да се обезбеди дека Иран повеќе не претставува „нуклеарна, ракетна или терористичка закана за САД, Израел и нивните арапски соседи“

Тој додаде дека Вашингтон го информирал Израел дека останува посветен на заедничките цели во претстојните преговори. Иран објави дека преговорите со САД ќе започнат во петок, 10 април, во Исламабад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ