Американските сили постојано ја вежбале хеликоптерската рација, вели Ројтерс, надевајќи се дека ќе го фатат лидерот на ИСИС на третиот кат од станбена зграда во сириски град на границата со Турција, каде што бил скриен со семејството.
Но пред да стигнат до него, Абу Ибрахим ал-Хашеми ал-Кураиши активирал самоубиствена бомба, предизвикувајќи голема експлозија што ги исфрлила распарчените тела – меѓу кои и неговото – надвор на улиците.
„Експлозијата, која беше поголема отколку што се очекуваше од самоубиствен елек, ги уби сите на третиот кат и всушност исфрли повеќе луѓе од зградата“, рече генералот Френк Мекензи, кој ги надгледува американските сили во регионот, и додаде дека загинале Кураиши, неговата сопруга и две деца. Друг американски функционер подоцна рече дека биле убиени две негови сопруги и едно дете.
Ројтерс објави видео од местото по експлозијата.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=55CPusaPV2Y autoplay:0]





