Лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија со заедничка изјава ѝ се приклучија на премиерката на Данска, Мете Фредриксен во одбраната на Гренланд, и тие наведоа дека островот во близина на Северниот пол „припаѓа на народот на Данска“.
Заменикот шеф на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, изјави дека Гренланд треба да биде дел од САД, и покрај предупредувањето на Фредериксен дека американското преземање на територијата би значело крај на воениот сојуз на НАТО.
„Претседателот (Трамп) со месеци јасно стави до знаење дека САД треба да бидат нација која го има Гренланд како дел од нашиот целокупен безбедносен апарат“, рече Милер во интервју за Си-ен-ен.
Фредериксен остро го отфрли обновениот повик на Трамп за преземање на Гренланд откако Вашингтон ја нападна Венецуела во саботата, на 3 јануари.






