сабота, 28 март 2026

Лидерите на Донбас го повикаа Путин да ги признае регионите како независни

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на двете бунтовнички самопрогласени републики во Украина апелираа до рускиот претседател Владимир Путин Москва да ги признае сепаратистичките региони како независни држави, пренесе РТ.

Шефот на самопрогласената Луганска народна република (ЛПР), Леонид Пашечник, апелираше до Путин, инсистирајќи дека признавањето на нивниот суверенитет од страна на Москва ќе помогне да се избегне гинење на локалните жители, од кои се вели дека 300.000 се етнички Руси.

„Барам од вас да ги признаете суверенитетот и независноста на Луганската Народна Република“, рече тој. „Исто така ве молам да ја разгледате можноста за склучување договор за пријателство и соработка меѓу ЛПР и Руската Федерација, вклучително и соработка во одбраната“, рече тој денеска на телевизискиот канал Русија-24.

Во истовремен апел, лидерот на Доњецката народна република (ДПР), Денис Пушилин, на сличен начин го повика рускиот претседател да ја признае независноста на неговиот регион. И двајцата ја прогласија својата автономија од Киев во 2014 година, кога владата на Украина беше соборена како последица на насилни немири.

Според Пушилин, „политичките одлуки на рускиот лидер, како што се признавањето на документите издадени на жителите на нашите републики и можноста да станат руски државјани, се непроценливи за нас“.

„Во име на целиот народ на Доњецката Народна Република бараме од вас да ја признаете Народна Република Доњецк како независна, демократска, правна, социјална држава“, продолжи тој.

Ако Русија го преземе тој чекор, пренесува Ројтерс, тоа би можело на Москва да ѝ овозможи отворено да испрати воени сили во двата региони, користејќи го аргументот дека интервенира како сојузник за да ги заштити од Украина.

Во меѓувреме, Велика Британија соопшти дека виделе разузнавачки информации што сугерираат дека Русија планира да изврши инвазија на Украина и дека планот на рускиот претседател Владимир Путин, всушност, веќе е почнат, изјави денеска портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

„Разузнавачките податоци што ги гледаме сугерираат дека Русија има намера да изврши инвазија и дека планот на претседателот Путин е веќе почнат“, им рече портпаролот на новинарите.

„Ги гледаме веќе видените елементи од рускиот прирачник што би очекувале да ги видиме во одредени ситуации, кои почнуваат да се одвиваат во реално време“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ