вторник, 24 февруари 2026

Лидерите на девет земји од ЕУ пристигнаа во Киев

Лидерите на девет европски земји пристигнаа во Киев утрово, на четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина. Лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска пристигнаа во украинската престолнина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави порака за добредојде до сојузниците на социјалната мрежа Икс.

„Добредојдовте во Киев, драги сојузници, и ви благодарам што денес стоите со Украина, како што правевте за време на четирите години брутална руска тотална војна. 24 февруари 2022 година засекогаш ја подели историјата на Европа на „пред“ и „после“. Симболично е што раководството на ЕУ е со нас денес“, рече Сибиха.

Сибиха ги пречека сојузниците на централната железничка станица во Киев. „Задоволство ми е што ги пречекувам лидерите на нордиско-балтичката осмица, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината. Ви благодарам за вашата силна и непоколеблива поддршка за Украина и нашите заеднички европски вредности и принципи“, напиша тој.

Претходно беше објавено дека во Киев пристигнаа и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Советот на Европа исто така ќе ја одбележи четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија со низа настани во знак на солидарност со украинскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ