Затворањето доведе до пад на дневното производство за 330.000 барели.
Националната нафтена корпорација (НОК) соопшти дека се повторно отворени вентилите за пумпите на најголемото поле во земјата, Шарара, и ел-Фил.
Дневното производство се очекува до среда да биде за 1,1 милион барели повисоко, соопшти НОК.
Пред затворањето на двете полиња, дневното производство во Либија беше околу 1,2 милијарда барели дневно.
Нафтените резерви на Либија се деветти во светот и најголеми во Африка.






