понеделник, 30 март 2026

Левицата оствари историски успех на изборите во Колумбија

Објавено на

часот

Сподели

„Историскиот пакт“, главната опозиција на конзервативната влада во заминување, добива 17 од 102 места во Сенатот, каде води со 14,52 отсто пред сите други традиционални, конзервативни и либерални, партии.

Во долниот, Претставничкиот дом, левата коалиција на чело со Густаво Петро, добива 25 од 165 места и така доаѓа на второто место зад Либералната партија со 32, но рамо до рамо со конзервативците и со најголем број гласови, покажуваат истите резултати.

Партијата на демократскиот центар, десницата на власт, која на минатите парламентарни избори во 2018 освои најмногу гласови за Сенатот, претрпе тежок пораз и овој пат е на петто место и четврто во долниот дом.

„Историскиот пакт го оствари најдобриот резултат на прогресивизмот во историјата на Република Колумбија“, кажа задоволно неговиот лидер кој истиот ден, по партиските избори на национално ниво, свечено беше именуван за кандидат на левицата на претседателските избори на 29 мај.

„Очекуваме победа уште во првиот круг на претседателските избори“, кажа Петро.

Колумбија е ослабена од економските последици на пандемијата и задушувањето на масовните протести пролетта 2021 против владата и аналитичарите и предвидуваа дека гласачите ќе ја казнат владата на која и истекува мандатот и партијата Демократски центар.

Новост на овие избори е што жртвите на конфликтот со поранешната марксистичка герила ФАРК која го положи оружјето во 2016 ќе имаат сега свои претставници во парламентот, во кој 16 места се резервирани за нив во следните два состави.

Таквите услови беа договорени со мировниот договор меѓу владата и ФАРК (Револуционерни оружени сили на Колумбија) пред шест години, но до сега не беа воведени поради низа законски спорови.

Според договорот и политичката партија на ФАРК која имаше мал успех од почетокот на 2018 има загарантирани 10 места во Конгресот до 2026 година.

Во деценискиот конфликт од шеесеттите години меѓу владата помогната од САД и ФАРК кој се финансираше со киднапирања и трговија со кокаин, беа убиени 260.000 луѓе а милиони се раселени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ