Нејзината ривалка Хедер Хамфрис, од владејачката партија на десниот центар, денес го призна поразот откако прелиминарните резултати покажаа голема разлика во гласовите меѓу кандидатките.
„Кетрин ќе биде наша претседателка и ќе биде моја претседателка и навистина ѝ посакувам сè најдобро“, рече Хамфрис, според британскиот Гардијан.
Резултатите од анкетата објавени во четврток покажаа дека Коноли ќе добие 55 проценти од гласовите, а Хамфрис 35 проценти.
Гардијан пишува дека Коноли ја добила поддршката на многу млади Ирци, а исто така е поддржана и од коалицијата на левичарски опозициски партии.
Претседателската функција во Ирска е во голема мера церемонијална, но победата на Коноли претставува голем пораз за централно-десничарската влада.
Гневот поради станбената криза и трошоците за живот, грешките во кампањата на владејачките партии Фине Гаел и Фијана Фол, како и реткото единство меѓу левичарските партии и вештото користење на социјалните мрежи, заедно предизвикаа Коноли да стане симбол на промени, пишува Гардијан.






